Дали знаеш дека во просек многу помалку луѓе во Шведска умираат поради користење на тутунски производи во споредба со други земји во Европската унија? Иако користењето на тутунски производи е речиси насекаде исто во просек.
Според истражувањата на Swedish Experience, парадоксот се однесува поради распространетоста на „снус“ како замена на цигарите, но и поради воведувањет на алтернативи на класичното пушење на цигари, како што се никотинските вреќички. Да ја погледнеме приказната за потеклото на „снус“ и како никотинските ќесички полека го заменуваат овој стар добро познат шведски производ.
„Снус“ е шведски влажен тутун, кој е користен во Скандинавија со векови. Но откако цигарите во почетокот на 1900-тите години стануваат синонум за модернизам, тој исчезнува, но во почетокот на 60-тите и 70-тите повторно се враќа „во тренд“ како производ на работничката класа.
Истото започнува откако во 1964 година во извештај на Американскиот Претседател Џон Ф. Кенеди до здравствените власти, ја потенцира штетноста на цигарите. Неколку години подоцна, Швеѓаните го враќаат својот традиционален производ во сегашниот облик како што сите го знаеме, но за да ја задржи влажноста го пакуваат во метални опаковки. Од тогаш па до „наше време“, овој производ е попопуларен во Шведска од обичните цигари, а производот еволуира со текот на времето, пакувајќи го во мали ќесички кои се ставаат на непцата, од каде преку мукозната мембрана човекот го впива никотинот. Во последните години, овој производ е заменет со никотинските ќесички, кои во себе не содржат тутун туку билни влакна кои содржат никотин.
Исто како и „снус“, овој производ содржи никотин, а допирањето на ќесичките на горното непце во усната празнина го ослободува никотинот од нив, без никакви штетни влијанија. Постојат различни производи со различна милиграмажа на никотин во нив и во различни вкусови, а од неодамна овие производи од различни брендови се достапни на нашиот пазар.

Кошничка