Според некои статистики, во светот постојат повеќе од една милијарда пушачи, а според онкологот Ларс Рутквист, никотинските вреќички се побезбеден избор за оние кои сакаат да се откажат од пушењето.
„Едноставно не е доволно на пушачите да им се каже дека пушењето е штетно за нивното здравје. Мора да им се понуди избор.“
Ларс Руктвист е реномиран онколог од Шведска, кој во неколку студии бара потенцијални начини за замена на „класичното“ пушење на цигари со помалку штетни алтернативи.
„Многу пушачи бараат алтернативи.“ објаснува тој. Потрагата по алтернатива на класичните цигари трае речиси 50 години и ако во Шведска постоело генерално мислење дека „снус“ производите се вистинската замена, сега тој тврди дека многу студии покажуваат еволуција од „снус“ во никотинските ќесички како чекор кој ќе преовладее во тобако индустријата.
Никотинските ќесички се замена за шведскиот „снус“, но станува збор за производ кој не содржи тутун. Ниту „снус“, ниту никотинските ќесички не содржат канцерогени состојки како димот од цигарите.

Кошничка