Можеби знаеш, а можеби не, но добро е уште еднаш да ги наведеме разликите помеѓу шведскиот снус и никотинските ќесички, кои иако се многу слични, сепак не станува збор за ист производ.
Имаат исто пакување, имаат ист ефект, иста орална употреба, но станува збор за два тотално различни производи.
Што е СНУС?
Снус првпат бил произведен во Шведска на почетокот на 18 век. Затоа понекогаш сè уште се нарекува шведски снус. Еден од оригиналните брендови на снус е од далечната 1822 и се уште постои.
Снус е тутунски производ во прав спакуван ќесичка. Речиси сите брендови снус содржат мелени листови тутун, вода и натриум карбонат. Некои може да содржат ароми, како нане или ментол. Сепак, шведскиот снус е релативно непознат за нашето поднебје.
Што е НИКОТИНСКА ЌЕСИЧКА?
Никотинската ќесичка е производ без чад, без дим или паре и без тутун, дизајниран да го пренесува никотинот низ непцата. За прв пат се појави на глобалните пазари во раните 2000-ти, како природна еволуција на веќе воспоставените снус производи.
Секоја кесичка содржи екстракт од никотин и растителни влакна слични на гумите за џвакање. За да се задоволат различни преференци на новите генерации во нив се додаваат различни вкусови како ментол, пеперминт и овошја. Бидејќи нема чад и не се произведува пареа кога користите никотински ќесички, тие се многу дискретни и може да се користат насекаде – дома, во канцеларија или додека сте во движење. И многу битно – не мора да го запрете она што го правите или да излезете надвор на отворено за да го користите.
Овие состојки се пакуваат во мали ќесички подготвени за употреба веднаш. Уредно и дискретно се вклопуваат помеѓу устата и непцето, каде што ослободуваат никотин во рок од половина до еден час.

Кошничка